Ф1: Розберг ја освои Големата награда на Белгија

Ф1
/ 28.08.2016 / 16:35

Германскиот возач Нико Розберг од тимот на Мерцедес победи на трката од Светското првенство во Формула 1 за Големата награда на Белгија, која се возеше на патеката Спа-Франкошамп.

Нико Розберг користејќи ја „пол позицијата“ од почетокот ја поведе трката и до крајот не го испушти во ниту еден момент водството остварувајќи ја шестата победа сезонава, а вкупно 20-та во кариерата, а воедно и прва во Белгија.

Со оваа победа Германецот го намали заостанувањето во вкупниот пласман зад колегата од Мерцедес, Луис Хамилтон на достижни девет бодови. Британецот, пак, трката ја заврши на третото место, иако поради казната пореди многуте измени на моторот трката ја започна од последното место.

Меѓу двајцата пилоти на Мерцедес, се пласираше Австралиецот Даниел Рикардо во Ред Бул.

Трката на Спа-Франкошамп ја одбележа излетувањето на возачот на Рено, Кевин Магнусен, кој во полна брзина удри во заштитната ограда. Данскиот возач е пренесен во болница со повреда на глуждот, а имајќи предвид што остана на патеката од неговиот болид, се чини и одлично помина.

Следната недела на распоредот е 14 од 21 трка од оваа сезона во шампионатот на Формила 1, а ќе се вози на патеката Монца за Големата награда на Италија.

реклама

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе