Ferrari му нареди на Шарл Леклер да не му се доближува на Себастијан Фетел. Ова стана јасно од снимената радиокомуникација на дебитантот во црвениот тим.
Откако Леклер стави тврди гуми, неговото темпо беше многу подобро од она на неговиот тимски колега. Шарл стопи огромно водство и го стигна четирикратниот светски шампион.
Токму тогаш тој упати прашање до боксот: „Треба ли да стојам зад Себастијан? Да или не?“
„Да и остави дистанца меѓу двајцата“, беше одговорот. Ова може да се слушне од снимка, објавена на Twitter.
Коментарите под видеото се доста интересни:
„Првиот Баричело на новата сезона“.
„Рано почнаa со наредбите“.
„Сериозно, некој е изненаден од ова? Штета, бидејќи Шарл имаше подобро темпо“.