Селена Гомез собори нов рекорд на Instagram, нејзина фотографија има најмногу лајкови на оваа социјална мрежа.
Освен што е најпопуларна личност на Instagram, со повеќе од 89 милиони следбеници, Селена исто така може да се пофали дека една нејзина фотографија објавена на Instagram има најмногу лајкови, досега.
Станува збор за фотографија на која популарната пејачка пие освежителен пијалак, а на шишенцето има објавено стихови од нејзина песна. Фотографијата има собрано 4,1 милион лајкови за две недели.