ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Германците негостопримливи за Вардар поради гостувањето во Португалија

Бидејќи Вардар неодамна му гостуваше на Порто, Германците не му дозволуваат да дојде на мегдан со Фленсбург бидејќи бил во земја која се наоѓа во таканаречената црвена ковид-зона.

„Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Фленсбург - Вардар, истиот во последен момент е ОДЛОЖЕН“, соопшти клубот.

Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар во Португалија. Бидејќи оваа земја е во црвената зона, германските власти бараат вардаровата делегација да биде прво ставена во карантин доколку пристигне во Германија за да го одигра натпреварот. Нормално, такво нешто е невозможно.

Натпреварот со Фленсбург беше закажан за в четврток од 18:45 часот во „Фленс-Арена“ салата во градот Фленсбург кој се наоѓа во најсеверниот дел на Германија, речиси до границата со Данска.

Сега ќе се бара друг термин и координација со двете екипи и ЕХФ, исто како и за дуелот со ПСЖ кој исто така беше скоро одложени сѐ уште без датум за одигрување.

Вардар сезонава се соочува со многу одложувања. Има одиграно само 6 натпревари, најмалку од сите учесници во двете групи, а моментално во групата А е последен со победа и реми.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе