Германската полиција сè уште трага по осомничениот Сириец, ослободени двајца од притворените

Двајца од тројца приведени во текот на антитерористичката операција во Хемниц се ослободени. додека за третиот се разгледува можноста за негово апсење и одредување мерка притвор, соопшти полицијата на германската сојузна покраина Саксонија, додека на сојузно ниво ширум Германија и натаму трае потрагата по 22-годишниот Сириец Џабер ал-Бакр, осомничен дека планирал терористички напади во оваа земја.

„Ослободени се двајца од задржаните во Хемниц. Во врска со уште едно лице има сомнение за соучесништво, и сега се разгледува носење одлука за апсење“, соопшти полицијата на Саксонија на Twitter.

Покраинската полиција го потврди пишувањето на Spiegel Online, според кој во текот на полициската операција Сириецот им побегнал на припадниците на специјалната полиција кои притоа стрелале во воздух како предупредување.

„Полицајците го забележале осомничениот, но не можеле да го уапсат“, соопшти полицијата.

Специјалците по претресот на станот во источниот дел од Хемниц, во кој осомничениот живеел со уште едно лице кое е едно од тројцата уапсени, ја извршиле акцијата, но главниот осомничен успеал да им побегне.

Во станот во населбата Фриц-Хекерт пронајден е експлозив кој полицијата го опишува како „извонредно опасен“. Засега не е познато дали осомничениот при бегството понел со себе оружје или експлозив.

Полицијата не сака да ги потврди наводите на медиумите дека Џабер ал-Бакр во Германија пристигнал минатата 2015 година како бегалец.

Во текот на оваа година, германската полиција спречи неколку терористички напади. Во последната операција во Келн беше уапсен 16-годишен бегалец од Сирија, кој бил во контат со Исламската држава и подготвувал бомбашки напади.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе