Тиквата и оревите во комбинација со овесни снегулки се идеален почеток за есенските денови.
Потребни состојки:
-30 г овесни снегулки
-една дланка сецкани ореви
-60г пире од печена тиква
-една лажичка цимет
-половина лажичка мед
Начин на подготовка:
Во подлабок сад ставете ги овесните снегулки и полијте ги со 200 мл вода, па оставете да се згреат. Кога водата ќе зоврие намалете ја температурата и гответе додека снегулките не ја впијат сета вода. Кога ќе бидат сварени, тргнете ги од огнот, додадете го пирето од тиква и зачините, па добро измешајте.
Засладете по вкус, посипете сецкани ореви и прелијте ја кашата со мед или омилениот сируп, по желба.