Искрени трејлери за „Doctor Who“

Екипата на YouTube каналот Screen Junkies секогаш знае како да ги насмее и задоволи гледачите, па така беше случајот и со новите две изданија од нивниот серијал „Honest Trailers“, во кој беа обработени стариот и новиот серијал на „Doctor Who“.

Инспирирани од дебито на Џоди Витакер, првиот женски Доктор во серијалот, Screen Junkies решија да ги наградат љубителите на оваа серија со Искрени трејлери.

Откако премиерно беше прикажана во 1963 година, оваа телевизиска франшиза произведе содржина од преку илјада епизоди, а главната улога ја имаа голем број актери – некои од нив популарни, некои од нив не баш популарни.

Паузата помеѓу „класичниот“ и „модерниот“ серијал на серијата траеше од 1989 до 2005 година, кога Кристофер Еклстон стана првиот Доктор во модерната реимагинација на серијата. Со текот на годините се развиваше технологијата и „Doctor Who“ стана најважната научно-фантастична серија од Велика Британија, која денес има фанови ширум светот.

„Doctor Who“ е една од ретките серии чија фан база постојано се шири, а најголема заслуга за тоа ја имаат ликовите кои го збогатуваат наследството на оваа франшиза со секоја измината сезона.

реклама

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кипарската Шакира воодушеви со настапот во првата полуфинална вечер на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе