Иванов останува на одлуката – нема мандат за оној кој преговара за платформи на други држави

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на средбата со Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија Федерика Могерини, го повтори ставот дека нема да го додели мандатот на секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува Македонија, се загрозува суверенитет, независноста и унитарноста на државата.

„Со пост-изборната платформа се руши Уставот и Охридскиот рамковен договор, а Македонија се доведува во положба на потчинетост и зависност од друга држава. Граѓаните на изборите гласаа за европски реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава“, рече Иванов.

Македонскиот претседател посочи на отсуството на официјална јавна реакција со која би се осудило ваквото мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

„Отсуството на јавна осуда за флангрантното мешање во внатрешните работи на Македонија ги создава проблемите и води кон поширока дестабилизација, а со одредени неконструктивни изјави кризата се продлабочува. Ова е шанса ЕУ јавно и јасно да го осуди мешањето во внатрешната политика на Македонија и да ја повтори поддршката за неповредливоста на границите на Балканот“, рече македонскиот претседател. Тој истакна дека ова може да биде негативен преседан што во иднина може да биде употребен и од други држави.

Могерини истакна дека има целосно разбирање за комплексноста на состојбата и улогата на Претседателот Иванов во соочувањето со политичките предизвици. Посочи дека ги разбира правниот и политичкиот аспект, релевантни за надминување на политичката состојба и истакна дека е подготвена да помогне моменталната политичка криза да не прерасне во меѓуетничка, па дури и во геополитичка криза. Могерини рече дека верува дека политичките фактори во Република Македонија можат да најдат излез од состојбата.

Осврнувајќи се на изјавите за почитување на владеењето на правото во Република Македонија, Претседателот Иванов нагласи дека сме уморни од двојните стандарди, истакнувајќи дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата никој не ја почитува.

Македонскиот Претседател ја нагласи и потребата од организирање на попис на населението во Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења и за европските перспективи на земјата, како и за мигрантската и бегалска криза.

Македонскиот претседател оцени дека со status quo состојбата во европската интеграција, на Република Македонија и е попречено правото на просперитет и се овозможува зголемено влијание на други меѓународни актери.

„ЕУ не смее да дозволи ова да продолжи и треба конечно да го идентификува Балканот за еден од нејзините највисоки приоритети. ЕУ треба да преземе итни чекори и да го зајакне интеграцискиот процес на Македонија, кој е неповратен“, рече претседателот Иванов.

Дополнително, македонскиот претседател истакна дека отворањето на преговорите за членство на Република Македонија во Европската унија ќе го дадат неопходниот поттик за интензивирање на реформските процеси во овие клучни области и ќе ги заокружи напорите на ЕУ за надминување на политичката криза во Република Македонија.

Во однос на мигрантската и бегалска криза, Претседателот Иванов истакна дека е неопходно што побрзо завршување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија за да може, доколку е тоа потребно, да ја продолжи прогласената кризна состојба поради илегалната миграција. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе