Измените на законите за СЈО и за заштитени сведоци во редовна постапка

Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска поднесе предлог до Собранието за измени на законите за СЈО и за заштитени сведоци по редовна постапка.

Вчера пратениците не ги изгласаа промените предложени од пратеничката група предводена од СДСМ, коишто на пленарна седница стигнаа како измени на закони по скратена постапка.

Трајанов, вчера не можеше да гласа ни „за“, затоа што не беше присутен на седницата.

Со неговиот предлог, тие да се направат во редовна постапка, за нив прво ќе се расправа во комисиите, па потоа ќе одат на пленарна седница.

„Битно е за овие измени да има расправа во Собранието, а таквата можност се отвора ако измените се поднесени во редовна постапка. Има доволно време да се стават измените на дневен ред до распуштање на Собранието“, вели Трајанов.
 
Според деловникот, во рок од три дена претседателот на Собранието, треба да го достави предлогот до пратениците, а во рок од десет дена да закаже расправа. 

Од Демократскиот сојуз, како што соопштија, очекуваат аргументирана расправа и преку носењето на законите и силна поддршка на СЈО.

„Парламентот наместо да ја попречува правдата, ќе создаде услови за поефикасна работа на СЈО и инволвираните во криминал да понесат одговорност“, соопшти ДС.

Собранието, поради закажаните предвремени парламентарни избори на 11 декември, треба да се распушти на 12 октомври.

 

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе