Јунајтед подготвува неверојатна понуда: 212 милиони евра за Нејмар

Иако Нејмар го продолжи договорот со Барселона, англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед подготвува неверојатна понуда за Бразилецот. Јунајтед во летниот преоден рок со трансферот на Пол Погба го собори светскиот рекорд, но како што тврдат меиумите на Островот, Жозе Мурињо во летниот преоден рок подготвува вистинска бомба.


Клубот од „Олд Трафорд“ бил подготвен за Нејмар да издвои 180 милиони фунти (212 милиони евра).

Нејмар неодамна го продолжи договорот со Барселона, но добро упатени извори тврдат дека играчот и клубот во моментво не се на „иста бранова должина“. Целата приказна на договорот на Нејмар со Барселона е „матна“, бидејќи постоти и трета страна, нешто на што ФИФА е алергична.

Според шпанските медиуми, во новиот договор постои клаузула според која играчот може да замине по првата година и во случај заинтересиран купувач да му нуди сума поголема од обештетувањето, кое во случајов изнесува 200 милиони евра.

Токму оваа клаузула е картата на која ќе игра Манчестер Јунајтед, но и ПСЖ кој минатото лето бил блиску до потпишување договор со Бразилецот, за годишна плата од неверојатни 40 милиони евра.

Уште еден адут за клубовите надвор од Шпанија е и судскиот спор кој Нејмар и неговиот татко го водат со шпанската држава поради неплаќање данок.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе