Како Ајакс стигна толку далеку во Лигата на шампионите?

Вчера бевме сведоци на фантастичен натпревар помеѓу Ливерпул и Барселона, во кој англискиот тим успеа да надополни предност од три гола од првиот натпревар и да се пласира во финалето. Но, сепак, хероите на овогодинешната Лига на шампиони се момците од Амстердам, кои сосем неочекувано ги изненадија европските гиганти и сега се на чекор од настап во финалето.

Ајакс е клуб со импресивно европско резиме, но последната деценија беше прилично сурова за овој холандски клуб. Работите оваа година стојат поинаку.

Во Лигата на шампионите, натпреварување кое со години е доминирано од страна на најголемите и најбогатите европски клубови, Ајакс изгради име на „убиец на фаворити“. Тимот кој е познат како расадник за фудбалски таленти обично ги испраќаше своите најдобри играчи во друг клуб, каде тие освојуваа бројни титули и индивидуални награди. Но, оваа година Ајакс и самиот дојде до самиот врв на Европа.

Сето тоа започна пред 1,5 година, кога раководството го назначи некогашниот фудбалер Марк Овермарс за нов спортски директор, а тој направи големи рокади во стручниот штаб. Уште веднаш клубот го напушти дотогашниот тренер Марсел Кајзер, заедно со неговиот асистент Денис Бергкамп. На неговото место беше назначен Ерик Тен Хаг – човек кој работеше во Утрехт и нема никаква внатрешна поврзаност со Ајакс.

Потоа, Овермарс реши да се ослободи од лимитациите за плати на играчите. До тој момент клубот беше решен да се фокусира само на млади играчи со ниски плати, кои ќе бидат продадени во моментот кога клубот ќе одлучи дека нивната плата е преголема за строгата платежна структура. Во клубот стигнаа двајца ветерани – Дејли Блинд и Душан Тадиќ – кои одиграа клучна улога во успешната сезона на Ајакс.

Остатокот од приказната за Ајакс од сезоната 2018/2019 можете да ја погледнете во видеото подолу.

Холандскиот гигант вечерва оди на мегдан против Тотенхем. На домашен терен, среде Амстердам, ќе се обиде да ја одбрани предноста од 1:0 стекната на првиот меч во Лондон. Почетокот на натпреварот е во 21:00 часот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе