Кошарка

Кари ја скрши раката, противник од 118 килограми падна врз него

31. октомври 2019 - 10:21 | А.С.

Стеф Кари, еден од најдобрите кошаркари на светот, трикратен НБА првак, двократен МВП во најјаката лига на светот и шестократен Ол Стар, беше тешко повреден на натпреварот меѓу неговиот Голден Стејт и Феникс.

Голден Стејт има тешкотии уште од почетокот на сезоната, а покрај поразот од Феникс (121:110), синоќа доби уште еден тежок удар со повредата на Кари.

Кари ја скрши левата дланка при падот откако се судри со центарот на Феникс, Ерон Бејнс.

Тој пробиваше кога кон него тргнаа Кели Обре и Арон Бејнс. Падот дополнително го влоши фактот дека врз него „слета“ Бејнс – „човечиште“ од 2,08 метри и 118 килограми.

*Внимание! Содржината на видеото може да ве вознемири

30-ката на Голден Стејт се повлече во соблекувалната и првичната проценка е дека се работи за скршеница.

Судејќи по болниот израз на лицето на Кари, повредата не е за занемарување.

Засега нема повеќе детали околу тоа колку е сериозна повредата и колку долго ќе биде отсутен Кари од терените.

Повредата на Кари не можеше да дојде во полош момент - на долг рок отсуствува и Клеј Томпсон кој исто така е повреден.

Коментирај