Класата е вечна: Руни постигна спектакуларен гол од слободен удар

Синоќа се одигра 32 коло од американската МЛС лига а во него Ди Си Јунајтед на домашен терен го совлада Торонто со резултат 1:0. Победата ја донесе Вејн Руни, кој го постигна единствениот гол на натпреварот со прекрасен гол од слободен удар.

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација покажа дека годините никогаш нема да го спречат да постигнува атрактивни голови.

Во тек беше 18-тата минута од натпреварот кога судијата досуди слободен удар за Ди Си Јунајтед на околу 30 метри од противничкиот гол. Топката ја намести Вејн Руни и со фантастичен удар ја испрати топката под пречката на голманот Александер Боно.

Изреката „Формата е минлива, класата е вечна“ звучи како да е измислена токму за играчите како Вејн Руни и Златан Ибрахимовиќ, кои и далеку навлезени во четвртата деценија од животот покажуваат дека и понатаму се способни да постигнуваат голови и да носат победи за нивните тимови.

Ди Си Јунајтед по 32 одиграни кола се наоѓа на 6. место на табелата во МЛС лигата, но е во одлична серија од четири последователни победи. Тимот на Торонто се наоѓа на деветтото место, а под него се наоѓаат само уште Чикаго Фајр и Орландо Сити.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе