УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Клоп за одбраната на титулата во ЛШ: Не сум сигурен, има многу тимови со шанса за трофејот

Ливерпул, 29 август 2019 (МИА) – Јирген Клоп очекува тешка борба на Ливерпул во обидот тимот да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите. Германецот денес во 18 часот ќе ги дознае неговите ривали во групната фаза, но какви и да се, тој е сигурен дека ќе биде исклучително тешко и шансите се рамномерни.

– Посакувам да успееме повторно да се пласираме во финалето, но не сум сигурен дали тоа е можно и ова сезона. Имаме еднаква шанса со сите останати, но за мене е тешко да го видам тоа. Англиските екипи може повторно да доминираат, но има и многу други клубови со шанса за трофеј, изјави Германецот, кој го освои финалето во Мадрид против Тотенхем во мај.

Ливерпул се наоѓа во првиот шешир со Челси, Барселона, Манчестер Сити, Јувентус, Баерн, ПСЖ и Зенит. Во вториот се екипи како Реал Мадрид, Атлетико, поранешната екипа на стратегот Борусија Дортмунд и други.

– Мислам дека досега немало посилен втор шешир. Ова е целосно лудило. Овие тимови се за првиот. Луѓето мислат за создавање Супер лига, но таа е пред наши очи. Тоа е. А пак од четвртиот може да ни се падне Лајпциг. Погледнете го составот на Борусија Дортмунд и искрено кажете ми дека сме посилни од нив. Едноставно е неверојатно. Има многу екипи со квалитет и длабочина. Јувентус е таму, ПСЖ е таму, а дали мислите и дека Реал Мадрид се откажал? Баерн, од друга страна, ги привлече Иван Перишиќ и Филипе Кутињо, што е голем удар, заврши Клоп.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе