ЕХФ ЕУРО 2022 УНГАРИЈА / СЛОВАЧКА

Лазаров: Без бело знаме против Словенците

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг по пристигнувањето во Дебрецен каде утре ги очекува премиерниот настап на Европското првенство против Словенија.

Капитенот и селектор на националниот тим, Кирил Лазаров, истакна на денешната онлајн прес-конференција дека словенечката репрезентација е исклучително квалитетна, но оти „Црвено-жолтите“ влегуваат во дуелот максимално мотивирани за успешен старт на Европското првенство.

„Имаме целосен респект кон Словенија. Тие имаат квалитетни индивидуалци и се голем тим. Меѓутоа, ние не влегуваме во натпреварот со бело знаме. Иако фаворитската улога можеби е на нивна страна, ние ќе дадеме сè од себе за да приредиме изненадување“, најави Лазаров.

Македонскиот селектор посочи дека амбицијата е да се мине групата А во која уште се Данска и Црна Гора, и да се обезбеди пласман во втората фаза.

„Имаме желба да одиме во вториот круг. Тоа би било голем успех, не затоа што заслужуваме да бидеме таму, туку затоа што на жрепката добивме силни противници. Сепак сме во транзиција, потребно е време и мораме да бидеме трпеливи. Градиме репрезентација за следните десетина година. Не сакам да ги оптоварувам моите играчи со дополнителен притисок. Ние знаеме што сакаме, знаеме дека ќе дадеме сè, а останува да видиме дали тоа е доволно“, додаде Лазаров, пред утрешниот дуел против Словенија со почеток од 18 часот во салата „Феникс“ во Дебрецен.

„Словенците се одлични, имаат неверојатни ракометари кои играат во големи екипи како Кил, Веспрем, Сегед, Барселона, Кјелце... Тоа е колектив предводен од добар селектор, со изградени играчи и Врањеш има задача да поработи само на ситни детали. Тие се екстра-квалитетна репрезентација. Словенците се играчи кои, ако имаат свој ден, што и да направиме можат да нè победат“.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе