ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ШВЕДСКА / ПОЛСКА 2023

Лазаров: Имаме многу тешка група, ќе се обидеме да изненадиме

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, најави силни подготовки во пресрет на Светското првенство 2023 каде што смета дека Македонија е во тешка група.

„Црвено-жолтите“ ќе играат во групата Ф заедно со одличната Норвешка, повратникот Холандија и сребрената од Јужна Америка - Аргентина.

„Нѐ очекува Светско првенство на кое ќе настапиме доста подмладени. Можеби ни фали малку искуство за вакви турнири, затоа што квалификациски натпревари се едно, а турнирски натпревари на големи натпреварувања друго. За три дена ќе бидеме комплетни. Имаме многу тешка група. За Норвешка не треба да се делат комплименти, Холандија е во страшен подем, а Аргентина има направено многу проблеми и на големи репрезентации. Кај нашите ракометари постои голема мотивираност и одлучност да се даде максимумот на теренот. Самиот пласман на Мундијалот е успех, но ние ќе направиме сѐ да се пласираме во втората фаза. Аутсајдери сме, но знаеме да изненадиме. Во подготвителниот период ќе играме со силни противници како што се Црна Гора, Хрватска, Израел“, изјави селекторот.

Светското првенство 2023 ќе се игра во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари, а Македонија отвора на 13-ти против Норвешка во Краков.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе