Лазаров: Прифаќам критика, но убеден сум дека сме на добар пат

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, застана во одбрана на своите избраници и покрај двата пораза на стартот на Европското првенство.

Лазаров верува во младите и очекува нивниот квалитет допрва да дојде до израз.

– Уште од моето доаѓање на селекторската функција знам која ни е целта. Поразот од Црна Гора боли, но сакам да истакнам дека она за што се подготвувавме не ни успеа поради многу фактори. Не барам алиби, но ова не е иста репрезентација без Дејан Манасков, без Кирил Лазаров, без Стојанче Стоилов, без Николче Митревски кој дополнително ни се приклучи, без Марковски, Ојлески, невакцинираните итн. Планот беше да дојдеме комплетни, но се случи тоа што се случи и изгубивме два натпревара. Првиот гордо, со многу борба, жар и мислевме дека ќе биде лесно со Црна Гора. Прифаќам критика, истакна денес Лазаров.

Сепак, македонскиот селектор верува во неговите избраници дека можат во иднина да направат успешни резултати.

– Анализирајќи го натпреварот, увидов дека сме на добар пат. Почнуваме од нула. Оптимист сум. Верувам во нив, можеби повеќе од нив самите. Им фали победнички менталитет. Играме брз, модерен ракомет. Вчера на наши грешки изгубивме. Имам комплетно јасна слика за сите. Не само играчки, туку и карактерно за секој од нив. Јас не се предавам. Цврсто стојам дека имаме напредок, само тоа треба да го преточиме на теренот во добри резултати, победи, пласман на СП 2023, рече Лазаров.

Македонскиот селектор најави голема борба на последниот меч од Европското првенство, утре против големиот фаворит Данска.

– Со Данска ќе играме како да се бориме за пласман. Таков пристап ќе имаме. Тој натпревар ќе ни служи многу. Треба да го искористат моментот, шансата младите да играат на ЕП.

Македонските ракометари по двата пораза (Словенија и Црна Гора) во првите две кола, останаа без шанса да ја поминат групата во Дебрецин. 

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе