Фудбал

Лига куп: Јунајтед убедлив, Арсенал испадна

1. декември 2016 - 9:18 | Макфакс

Манчестер Јунајтед и Саутемптон им се приклучија на Хал и Ливерпул во полуфиналето на англискиот Лига куп. Во четвртфиналните натпревари Саутемптон славеше над Арсенал 2-0, а Манчестер Јунајтед го победи Вест Хем со 4-1.

Манчестер Јунајтед лесно се справи со Вест Хем, против кого во саботата, одигра 1:1 во првенството.

Серијата на голови на „Олд Трафорд“ ја отвори и ја затвори Ибрахимовиќ. По првиот гол на Швеѓанецот израмни Флечер. Потоа во второто полувреме два гола постигна Марсијал, а Ибрахимовиќ ја затвори серијата.

Двоен асистент за Јунајтед беше Мхитаријан, а по подолго време во тимот се појави и Швајнштајгер кој влезе во игра во второто полувреме.

Loading the player...

Арсен Венгер на домашен терен, на Саутемптон му се спротивстави со комбиниран тим и тоа го чинеше елиминација од Лига купот.

Саутемптон до победата стигна уште во првиот дел со головите на Класи и Бертранд.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во јануари наредната година, а познато е дека за пласман во финалето ќе се борат Манчестер Јунајтед и Хал, односно Ливерпул и Саутемптон.

Loading the player...

 

Коментирај