Лоша игра и пораз на ракометарите од Полска

Македонските ракометари со пораз стартуваа на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Македонија, во првото коло на турнирот во Гдањск, загуби од домаќинот Полска 20:25 (9:13).

Македонија загуби од Полска, но не ги загуби шансите за пласман во Рио, но она што загрижува по поразот од домаќинот на турнирот во Гдањск е играта во двата правци.

Полјаците го контролираа натпреварот од првата до последната минута, отворија со 3-1, Македонија потоа со два брзи гола на Манасков израмни на 3-3 и тоа беше единствениот момент кога „црвено жолтите“ имаа нерешено со противникот.

Полска во 13-та минута стигна до четири гола предност (9:5), која без поголеми проблеми ја сочува до крајот на првиот дел.

Победникот беше решен практично на стартот на вториот дел, кога Полска во 33-та минута поведе со 17:11.

Кире Лазаров со осум гоови беше најефикасен во македонската репрезентација, а Стоилов и Ѓеоргиевски погодија по четири пати.

Обрван и неговите избраници немаат многу време за анализа на овој пораз, бидејќи денеска ги очекува најважниот меч на турнирот против Тунис. Тие во првиот меч славеа над Чиле со 35:29.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе