Објавен е првиот трејлер за филмот „Bleed for This“, со Мајлс Тенер во главната улога. Филмот е инспириран од животната приказна на боксерот Вини Пациенза. Премиерата е закажана за 4 ноември.
Приказната се фокусира околу младиот боксер Вини, кој во 1991 година ќе доживее сообраќајка во која ќе го скрши вратот. Тој не се откажува од борбата и напорно вежба за да се врати во форма. Подоцна, тој освоил уште три титули и се пензионирал со резултати од 50-10.
Филмот е во режија на Бен Јангер, а во останатите улоги се појавуваат Арон Екхарт, Тед Левин, Кејти Сагал, Аманда Клејтон и други.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=0yfWnRKXRac]