Македонија го освои 15. место на СП по победата над Чиле

Келн, 20 јануари 2019 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација оствари победа против Чиле со 32-30 (16-16) во последниот меч од Светското првенство во Германија и Данска, со што го заврши Мундијалот на 15-тото место.

Македонија одигра ефикасно прво полувреме, но имаше доста пропусти во одбраната, а Манасков со два гола во финишот успеа да донесе нерешен резултат на паузата.

Во второто полувреме двете репрезентации се менуваа во водството, а клучна беше серијата на Лазаров од три гола, со која поведовме со 27-26, а по двете одбрани на Митревски, Манасков ни донесе два гола предност. До крајот се играше гол за гол за конечна победа на „жолто-црвените“.

Најефикасен во нашиот тим беше Лазаров со 9 гола, Манасков постигна 8, додека кај Чилеанците, Фојхман реализираше 9, додека Родриго Салинас реализираше седум погодоци.

Македонскиот тим го израмни пласманот од пред две години во Франција, кога исто така го заврши шампионатот на 15 место.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе