Малата Данка е удрена од автомобил, па фрлена во депонија: Нови детали за убиството на девојчето во Бор

Потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2) имаше трагичен крај. Најмрачните сомнежи на семејството и на јавноста се остварија, а утринава се уапсени две лица осомничени дека со автомобил убиле девојче, а потоа нејзиното тело го фрлиле во дива депонија покрај „Старобањски пат“ кај Бор, дознава АТВ, пренесува Нова.рс.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор, С.Ј. (50) од село Лука и Д.Д. (50) од село Злот.

„С.Ј. е осомничен дека со службеното возило ‘фиат панда’ удрил во пешак, двегодишно девојче, при што го усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото по што се упатиле кон дива депонија кај Бор, каде што телото го фрлиле на десната страна од патот“, вели извор близок до истрагата.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. за помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето, и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на Бор укажува дека сè се случило на 26 март околу 13:52 часот, односно само седум минути по исчезнувањето на девојчето, се вели во пријавата на мајката.

„С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот поради што со предниот десен дел од возилото го удрил девојчето и го убил“, вели извор од истрагата, пишува АТВ.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13:45 часот во Бањско Поле кај Бор. Кога исчезнала, била со мајка си и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, првпат во Србија е активиран системот Најди ме.

реклама

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе