Манчестер Сити продолжува „да гази“ во Премиер лигата

Манчестер, 20октомври 2018 (МИА) – Англискиот шампион Манчестер Сити ја забележа петтата последователна домашна победа во Премиер лигата, откако во деветтото коло оствари триумф со 5: 0 против Барнли.

Така, „граѓаните“ продолжија со својот 100-процентен успех во дуелите на домашен терен од почетокот на сезоната и се вратија на првото место. Пулените на Пеп Гвардиола сега имаат два бода пред Челзи, кој претходно одигра 2:2 со Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“.

За шампионите во игра се врати нивната ѕвезда Кевин Де Бруин. Тој се појави на теренот во второто полувреме при резултат од 3:0. Инаку, Давид Силва запиша две асистенции.

Првата беше за Серхио Агуеро, кој го отвори резултатот во 16. минута. Потоа, Шпанецот, исто така, му подаде на Бернардо Силва (54) за 2:0. Само 120 секунди подоцна, Фернандињо зголеми на 3:0, а на крајот и Ријад Марез и Лирој Сане постигнаа по еден гол.

Во следното коло, Сити е домаќин на Тотенхем, но пред тоа оди на гости кај Шахтјор  Доњецк во Лигата на шампионите. Барнли го пречекува Челзи.

Резултати од Премиер лигата:

Челзи – Манчестер Јунајтед 2 – 2

Борнемут – Саутемптон  0 – 0

Кардиф – Фулам 4 – 2

Манчестер Сити – Барнли  5 – 0

Њукасл – Брајтон 0 – 1

Вест Хем – Тотенхем  0 – 1

Вулверхемптон – Ватфорд  0 – 2.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе