Светскиот рекет број 1, Енди Мареј, го повредил скочниот зглоб на десната нога, на мечот од второто коло на Австралија Опен против Андреј Рубљев.
Британецот, во вториот сет, го повредил скочниот зглоб, но не побарал медицинска помош. Тој само на луѓето во неговата ложа им довикнал дека „ногата го убива“.
„Не е сериозно, но дефинитивно доживеав дисторзија. Ќе ставам мраз… Добро се движев потоа, мислам дека не е ништо сериозно“, рекол Мареј.
„Кога ќе го повредите зглобот чувството е многу лошо, не можете да стоите на едната нога. Јас тоа го можев по повредата, поради тоа сум сигурен дека сè ќе биде во ред“.
Мареј, кој во Мелбурн е прв носител во третото коло, ќе игра против Сем Квери. Американецот на последниот Вимблдон го елиминира Новак Ѓоковиќ.
„Морам да бидам на посакуваното ниво и да играм многу добро за да одам понатаму. Квери на последниот Вимблдон го победи Ѓоковиќ“, рекол Марej.