Марко Ван Бастен: ФИФА размислува за многу промени во фудбалот

Марко Ван Бастен во своето последно интервју за Bild шокираше поголем дел од вљубениците во фудбалот. Холандската легенда, кој денеска е прв човек на ФИФА задолжен за технолошки развој на фудбалот, најави големи промени.

ФИФА веќе го прошири Светското првенство од 32 на 48 репрезентации и со тоа згрози многумина, а сега Ван Бастен наведе осум нови можни промени.

„Фудбалот е сè повеќе како ракометот. Многу ме интересира како фудбалот би изгледал без офсајд. Денес целата екипа заедно се брани, а тогаш противниците имаат малку простор за создавање на шанси. Клубовите најмногу прво размислуваат за одбраната, а без офсајд би имале голем проблем. Фудбалот без офсајд би станал поинтересен, би имало повеќе голови, а тоа навивачите го сакаат“, вели Ван Бастен.

Понатаму најавува наместо продолженија при нерешен резултат, веднаш да се изведуваат пенали, но не од 11 метри.

„Играчите од 25 метри би тргнале сами кон голманот, а за постигнување на гол би имале осум секунди. Би останале по петте обиди, како што е и сега“, додава Ван Бастен.

Според него, тоа е многу поспектакуларно за гледачите, но и за фудбалерите.

„Имаме повеќе опции – дриблинг, удар, а би им било полесно и на голманите“, рече Ван Бастен за начинот на кој пеналите порано се изведува во американската МЛС лига.

Наместо жолт картон, фудбалерот би минал извесен период надвор од игра.

„Тоа би ги плашело играчите, бидејќи на сите им е добро јасно колку е тешко да се одбраниш со фудбалер помалку. А замислете да треба тоа да го правите во еден момент со два или три играчи помалку“.

Правилото што ФИФА планира да го примени од рагбито, е само капитенот на тимот да може да разговара со судијата, со цел тие да бидат заштитени од вербални дуели со останатите играчи.

Правилото што ФИФА планира да го позајми од кошарката е она кога играчите со пет лични грешки го напуштаат натпреварот.

„Имам идеја еден фудбалер, како и во кошарката, да може за време на натпреварот да направи пет прекршоци. По петтиот тој ќе мора да ја напушти играта“.

„Заради квалитетот на фудбалот, бројот на натпревари мора да се намали од потенцијали 80 на максимално 50 до 55 по сезона“, рече Ван Бастен и потсети дека во Шпанија најдобрите клубови можат да одиграат дури 67 натпревари. А каде се тука мечевите за репрезентација и пријателските…“, прашува Ван Бастен.

Тој најави дека во случај на продолженија, би се вовеле една до две дополнителни замени.

Многумина ги нервира и трошењето на времето во последните минути од натпреварот. Ван Бастен има решение и за тоа – од 80 минута на мечот топката не би смеела да биде надвор од игра подолго од 10 секунди.

„Гледачите сакат повеќе акција, повеќе голови и поголема борба меѓу клубовите. Долгите замени, уште подолгите прекини и излежување на фудбалерите премногу го расипуваат фудбалот. Многу време губиме на тие работи“, подвлекува Ван Бастен во интервјуто за Bild. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе