Метеоролозите предвидуваат просечно врнежлива есен

Просечно врнежлива есен, со просечни температури меѓу 8 и 12 Целзиусови степени, предвидуваат од УХМР, врз основа на материјалите преземени од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг и Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC).

Тримесечната прогноза на времето во Македонија за период септември-ноември покажува просечни вредности на температурите на воздухот (8 -12°C). Вообичаено просечна врнежлива есен е прогнозирана и оваа година, но поголема процентуална веројатност за отстапување, односно за појава на малку поголеми количини на врнежи од просечните постои во југоисточна Македонија (50-100mm). 

Во септември температурата на воздухот се очекува да биде во рамките на просекот,  12-14°C во западните планински делови и нешто повисока во другите региони до 18°. Овој месец ќе биде малку поврнежлив на целата територија освен во североисточниот и северозападниот дел каде не се очекуваат врнежи поголеми од просечните за тие региони.

Во октомври не очекуваат просечни температури 10-14°C, но постои голема веројатност дека во врнежите на целата територија на Републиката ќе бидат под просечните вредности. Особени пониски количини на врнежи се очекуваат во западна Македонија.

Просечните вредности на температурата би требало да се задржат и во месец ноември  6-9°C, а во западните планински делови се очекуваат пониски температури. Врнежите и во овој месец треба да бидат под просечните, освен во источна Македонија каде што треба да се постигнат просечните количини (50-100mm).

Исто така постои веројатност во есенската сезона да се јават периоди со постудено и суво време, како и веројатност за изразени позитивни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата и врнежите. 

Не се исклучува можноста дека кон крајот на септември и почетокот на октомври да имаме продолжеток на летото, потопол и сув период.  

Според историските податоци со кои располага Управата за хидрометеоролошки работи за сезона есен регистрирана е апсолутната максимална температура 39,7 °C во Демир Капија на 05.09.2015г., а апсолутно минимална температура измерена е  -19,0°C во Берово на 06.11.1995г.

Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за есента е од околу 8°C во планинските предели до 16,9°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период биле од 127,0mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе. 

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе