Аргентинецот има ултиматум да одлучи што побрзо, во спротивно Монако ќе ја откаже понудата вредна 65 милиони евра.
Францускиот прволигаш Монако влезе во игра за потписот на Мауро Икарди откако со понуда од 65 миниони евра ги задоволи барањата на миланскиот клуб. За играчот понуден е петгодишен договор со плата од 12 милиони евра по сезона.
Интер ја прифатил понудата на клубот од кнежеството, но Икарди сѐ уште нема одлучено. Понудата на Монако е далеку подобра од онаа на Наполи кој е подготвен да му даде плата од 7,5 милиони евра по сезона, 4 и пол милиони помалку од црвено-белите.
На големо се шпекулира дека Икарди од инат сака да оди во Јувентус, но „Старата дама“ официјално нема доставено понуда до Интер.