Морски гуштер од кошмарите - откриен фосил од периодот на диносаурусите

Научници соопштија дека ги пронашле фосилните остатоци од „морски гуштер од кошмарите“, кој живеел во океаните пред 66 милиони години.

Суштеството познато како Khinjaria acut, било долго 8 метри, колку орка кит, со заби остри како боцки.

Истражувачите тврдат дека овој вид живеел со диносауруси како што се Tyrannosaurus rec и Triceratops, а нивното истражување се заснова на анализата на черепот и другите скелетни остатоци што беа пронајдени во рудник во Мароко.

Д-р Ник Лонгрич од Универзитетот во Бат, кој го водеше истражувањето, рече дека „ужасниот вид“ имал „лице на демон и заби како ножеви“.

Забите и силните вилици прават овој гуштер да се чини како „кошмарно суштество“ кое имало „моќен загриз“. Тоа го инспирираше тимот да избере совршено име за видот.

„Зборот khinjar на арапски значи ‘бодеж’, а acute е латинскиот збор за ‘остро’. Затоа, ‘остар нож“ или „остар бодеж“ е превод за името на ова битие“, додаде Лонгрич.

Khinjaria acuta е член на семејството огромни морски гуштери познати како мосасаури, далечни роднини на денешниот комодо змеј и змијата анаконда. Истражувачите веруваат дека гуштерот бил само еден во низата врвни предатори, кои го населувале Атлантскиот Океан во близина на Мароко.

„Ова е една од најразновидните морски фауни најдени каде било и во кое било време во историјата, и постоела непосредно пред морските влекачи и диносаурусите“, истакна Лонгрич.

URL

Мосасаурите и диносаурусите изумреле на крајот на доцниот период креда, пред околу 66 милиони години. Нивното истребување го отвори морето за китови, фоки и риби како сабјарка и туна, но исто така значеше дека во модерните морски ланци има помалку предатори на врвот.

„Се чини дека има огромни промени во структурата на екосистемите во изминатите 66 милиони години. Оваа неверојатна разноликост на врвни предатори во доцниот период креда е невообичаена, а тоа не го гледаме во модерните морски заедници. Дали има нешто во врска со морските влекачи поради што екосистемот е различен, или пак станува збор за пленот, или можеби околината, не знаеме. Но, ова било многу опасно време за рибите, морските желки, па дури и за морските влекачи“, заклучи Лонгрич, објави BBC.

Тагови
реклама

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе