МЗТ го освои Купот на Македонија

МЗТ Скопје победи на завршниот турнир во кошаркарскиот Куп на Македонија. МЗТ во финалето го победи тимот на Карпош Соколи 68:62 (19:19, 21:19, 10:12, 18:12) и го освои својот осми трофеј во Купот.

Дебитантот во завршницата, Карпош Соколи, му пружи достоен отпор на фаворитот, имаше активен резултат до последните две минути, но на крајот пресуди искуството и ‘подолгата’ клупа на „металците“.

Скопските тимови, во текот на целиот меч, водеа голема борба, ниту еден тим немаше предност поголема од девет поени, а по 30 минути резултатот беше израмнет. Слично се играше и во последната четвртина, а МЗТ победникот го реши со серијата 6:1 во последните 90 секунди.

Дреновац со 16 поени и шест скокови го предводеше МЗТ, а уште тројца играчи (Љубичиќ, Урош Луковиќ и Мијатовиќ) постигнаа по 10 поени.

За најкорисен играч на завршниот турнир, чии домаќин беше Гевгелија, е прогласен кошаркарот на МЗТ, Марко Луковиќ.

реклама

Кошарка

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе