Најчестите грешки што ги правиме кога сме настинати

Настинката во просек трае четири до шест дена, а доколку симптомите потраат подолго, веројатно нешто правите погрешно.

Настинката може да биде предизвикана од 200 различни вируси и не се лекува со антибиотици бидејќи вирусите на нив не реагираат. Обично првин се појавува болка во грло и течење на нос. Потоа доаѓа до затнување на носот и послаба кашлица. Зголемена температура обично нема, но е лесно накачена во првите денови, пишува WebMD.

Еве кои се  најчестите грешки што ги правиме кога сме настинати:

1. Не пиеме доволно течности

Кога човек ќе настине лесно може да дехидрира, а болното грло прави помалку да ви се пие вода. Затоа, во случај на настинка внесувајте доволно течности во вид на супа, чај/компот или вода. Воздржете се од кофеин и алкохол, бидејќи ги извлекуваат течностите од телото.

2. Не одмараме доволно

Спиењето помага имунитетот да функционира како што треба. Кога ќе настинете потребно е повеќе сон и одмор за да може телото да се избори со вирусите. Првите три дена од појавата на првите симптоми искористете ги најмногу за мирување.

И кога сте здрави, ако не сте наспиени, полесно ќе настинете бидејќи имунитетот е слаб, со што телото е повеќе подложно на болести. Според едно истражување, луѓето кои спијат помалку од 7 часа скоро три пати се повеќе склони на болести од оние кои спијат по 8 часа.

3. Под стрес сме

Стресот лошо влијае на имуниот систем, организмот не може да се бори со вируси како што треба. Кога сте под голем стрес полесно ќе настинете, а ако сте веќе болни, потешко ќе закрепнете.

4. Всушност не станува збор за настинка

Лесно е да се збуните и да мислите дека сте настинати, а всушност станува збор за алергија. На пример, мислете дека сте настинати, имате некои симптоми, но никако не минуваат бидејќи всушност сте алергични на нешто.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе