Навивачите го расплакаа Тоти

Легендарниот Франческо Тоти на синоќешниот натпревар на Рома не можеше да ги сокрие емоциите откако навивачите почнаа да го скандираат неговото име и да пеат песни за него.

Тренерот Лучијано Спалети го повлече Тоти од вчерашниот натпревар, а причината за тоа беа критиките кон него. Сепак, навивачите на клубот го пречекаа со песна и аплауз, додека Спалети беше исвиркан.

Фановите на Рома пееја „Само еден е капитен“, а во видеото што се појави се гледа дека Тоти се труди да ги сокрие солзите.

Денеска генералниот менаџер на Рома, Мауро Балдисони, најави дека по крајот на сезоната, Тоти веројатно ќе стави крај на професионалната кариера и ќе преземе директорска функција во клубот.

„Се уште постои шанса тој да продолжи да игра, но тоа треба да го решат Тоти и претседателот Палота. Претседателот веќе изјави дека Тоти ќе има свое место во клубот. Кај нас ништо не е сменето по последните случувања, Тоти ќе се врати во тимот за наредниот меч“, рекол Балдисони.

Франческо Тоти во септември ќе наполни 40 години, а целата кариера е во дресот на Рома. За „волчицата“, Тоти има одиграно 749 натпревари и постигнато 300 голови. Со Рома има освоено една титула во Серија А и две титули во Купот и Суперкупот на Италија.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=Sd6yUbJwWFo]

 

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе