Навивачите на Интер не го сакат Икарди за капитен

Навивачите на италијанскиот фудбалски великан Интер објавија дека повеќе никогаш нема да прифатат аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди да биде капитен на екипата по контроверзните коментари изнесени во неговата автобиографија и заканите.

На навивачите на Интер им пречеше верзијата на Икарди за настани од 2015 година, кога еден навивач му наредил на детето да му го врати на Икарди дресот кој му го подарил. Навивачите влегоа во војна со Икарди кога излезе неговата биографија, а особено се бесни на делот во кој Аргентинецот опишал момент кога се соочил со еден од водачите на навивачите..

„Ќе се соочам со нив. Колкумина се? 50, 100, 200? Во ред, слушајте ме внимателно, ќе им донесам 100 криминалци од Аргентина и сите ќе ги убијам“, пишува во делот од биографијата на Икарди.

Во неделата во текот на првенствениот дуел против Каљари на „Сан Сири“, кој Интер го загуби со 1-2, навивачите на „црни-сините“ истакнаа неколку навредливи транспаренти на адреса на Икарди, а кога овој го промаши пеналот во првото полувреме при резултат 0-0, тие аплаудираа.

Околу 40 најрадикални навивачи на Интер во неделата се обидоа да се пресметаат со капитенот на тимот Мауро Икарди, по поразот од Каљари. Навивачите прво се обидоа да го пресретнат Икарди додека тој со својот автомобил го напуштал стадионот, а кога тој стигнал пред својот дом таму го чекала уште една заканувачка порака.

Од раководството на Интер објавија дека ќе го казнат својот интернационалец поради коментарите наведени во книгата, но дека нема да му ја одземат капитенската лента, бидејќи во последните две години беше најдобар стрелец на клубот.

Најзагрижените навивачи на Интернационале, на својата интернет страница објавија дека „Икарди не е нашиот капитен, ниту сега, ниту некогаш повеќе“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе