НБА плејоф: Милвоки поведе во финалната серија на Истокот

Јанис Антетокунмпо и дружината продолжија онаму каде што застанаа во полуфиналната серија против Бостон Селтикс. Тимот на Милвоки Бакс синоќа го контролираше натпреварот и полесно од очекувањата стигна до победа против Торонто Репторс.

Милвоки Бакс го совладаа тимот на Торонто Репторс со 108:100 и стигнаа до водство од 1-0 во финалето на Источната конференција.

Како и во текот на целата сезона, составот на Милвоки Бакс изгледаше доминантно на теренот во првиот натпревар од финалната серија против Торонто Репторс. Овојпат предводник на листата на стрелци беше Брук Лопез со 29 поени, а „грчкото чудо“ Јанис Антетокунмпо забележа дабл-дабл со 24 поени и 14 асистенции.

Кавај Ленард и Кајл Лаури постигнаа 31, односно 30 поени, обидувајќи се да го остават во игра тимот на Репторс. Но, не им помогна фактот што двајца од првотимците, Марк Гасол и Дени Грин, останаа со едноцифрен број поени.

Вториот натпревар е на програмата во сабота наутро и повторно ќе се одигра во салата во Милвоки.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Кошарка

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе