Нејмар конечно откри зошто летово сакаше да побегне од Париз

Цело лето траеше неподносливата сапунска серија околу наводното враќање на Нејмар во Барселона.

Бразилецот пред две години го напушти „Камп Ноу“ со рекорден трансфер од 222 милиони евра и премина во ПСЖ мислејќи дека на „Паркот на принцовите“ ќе освојува трофеи и конечно ќе излезе од сенката на Лео Меси.

Тоа не се случи. Освен француското првенство во кое ПСЖ е „претплатен“ Парижаните не направија ништо, а стануваше сѐ појасно дека Бразилецот сака да побегне од Париз и да се врати во Барселона.

Барса нудеше кеш и играчи, но управата на ПСЖ не сакаше да се согласи на тоа и Нејмар остана. Навивачите на ПСЖ не му го простија ова „предавство“ и секое коло го потсетуваа дека веќе не е добредојден на „Паркот на принцовите“.

Нејмар цело време молчеше и сега конечно откри кои биле причините за очајничкото барање да се врати во Каталонија.

„Кога не си среќен, без разлика на работата, се обидувате да најдете некоја промена и место каде повторно ќе бидете среќни и задоволни. Тоа се обидов и јас да го направам, но на крајот сепак останав во Париз. Како што веќе изјавив, ќе дадам сѐ од себе во дресот на ПСЖ. Сега сѐ е добро и среќен сум. Добро ја почнав сезоната и тоа е најваќно. Сакам да помогнам да освоиме што е можно повеќе трофеи сезонава“, изјави Нејмар за списанието Otro.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе