Нов светски рекорд во неограничено производство на енергија: 100 милиони °C постигнати за 48 секунди

Научниците од Јужна Кореја објавија дека создале светски рекорд при нуклеарна фузија. Имено, за време на нуклеарната фузија успеале да достигнат температура од 100 милиони степени Целзиусови за 48 секунди, што е седум пати потопло од јадрото на Сонцето.

На овој начин, беше направен уште еден чекор напред кон енергијата што се произведува со нуклеарна фузија. Имено, фузијата се обидува да ја постигне истата реакција која предизвикува Сонцето и другите ѕвезди да светат. Поконкретно, фузијата е спојување на два атома за ослободување на огромни количества енергија.

Често се нарекува светиот грал за решавање на климатската криза бидејќи фузијата има потенцијал да обезбеди неограничено количество енергија, без јаглеродното загадување што ја загрева планетата Земја. Но, нуклеарната фузија е исклучително предизвикувачка.

Производството на енергија од фузија најчесто вклучува реактор во облик на крофна, наречен токамак, во кој водородот се загрева на екстремно висока температура за да се создаде плазма.

Директорот на Истражувачкиот центар „КСТАР“ на Корејскиот институт за фузиска енергија (КФЕ),Јун Си-ву, истакна дека високата температура и плазмата со висока густина, во која реакцијата може да трае долго време, се од витално значење.

Споменатиот институт постигна 100 милиони степени за 48 секунди, што е светски рекорд. Ова се случи за време на тестовите од декември 2023 година и февруари 2024 година. Претходниот рекорд беше 30 секунди, а беше постигнат во 2021 година. Јун изјави за CNN дека не е лесно да се одржи толку висока температура поради нестабилната природа на високотемпературната плазма.

Научниците од KFE изјавија дека успеале да одржат таква температура користејќи волфрам наместо јаглерод. Целта е да се одржат 100 милиони степени за 300 секунди до 2026 година. Она што го прават научниците во Јужна Кореја ќе придонесе за развој на Меѓународниот термонуклеарен реактор во Франција, познат како ИТЕР. Токму францускиот токамак е најголемиот во светот.

Во САД во 2022 година, беше можно да се произведе повеќе енергија за време на нуклеарната фузија отколку што е потребно за самиот експеримент. Понатаму, рекорд во производството на енергија од фузија беше поставен во близина на англискиот град Оксфорд. Имено, за 5 секунди биле произведени 69 мегаџули енергија, што е доволно за истовремено снабдување со електрична енергија 12.000 домови. Сепак, комерцијализацијата на нуклеарната фузија сè уште е далеку, пренесува CNN.

реклама

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе