20 Century Fox објави нов трејлер за „Rules Don’t Apply“, првиот филм на Ворен Бити како режисер од 1998 година. Главните улоги ги толкуваат Лили Колинс и Алден Ејренријх, додека Бити ја толкува улогата на милијардерот Хауард Хјуз.
Една млада надежна актерка и нејзиниот амбициозен возач се справуваат со ексцентричниот и непредвидлив милијардер за кого работат. Дејството се случува во Холивуд, 1958 година.
Двајцата млади му пркосат на правилото на Хјуз, според кое вработените не смеат да имаат романтични врски едни со други. Милијардерот со неговите правила полека го менува нивниот свет и со тоа нивните животни вредности.
Премиерата е закажана за 23 ноември.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=a_QiAunKtxo]