Нови рекорди на Волстрит, мирно тргување

Вчера на Волстрит, S&P 500 и Dow Jones индексот благо пораснаа, достигнувајќи нови рекордни височини, продолжувајќи ги добивките во текот на минатата недела, месец и целиот прв квартал.

Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 39.807 поени, додека S&P 500 порасна за 0,11 отсто, на 5.254 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,12 отсто, на 16.379 поени.

берза вчера се тргуваше мирно бидејќи заврши работната недела, со оглед на тоа што денеска е затворен поради велигденските празници.

Во изминатата недела Dow Jones зајакна 0,8 отсто, а S&P 500 за 0,4 отсто. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,3 отсто. Индексите забележаа раст и во март и во целиот прв квартал. Во тој квартал, имено, Dow Jones порасна за 5,6 отсто, додека S&P 500 скокна за 10,1 отсто, а Nasdaq за 9,1 отсто.

Ова главно се должи на силниот раст на цените на акциите на технолошките компании поради еуфоријата во однос на развојот на вештачката интелигенција, како и надежта на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,26 отсто, на 7.952 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,08 отсто, на 18.492 поени, а париски CAC 0,01 отсто, на 8.205 поени.

Сите овие индекси се зголемија во целиот изминат квартал, па така во првиот квартал индексот STOXX 600 на најголемите европски компании порасна за речиси 7 отсто.

Повеќето европски берзи се затворени во петок поради велигденските празници.

реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе