Објавен првиот постер за Joker: Folie À Deux, наскоро и трејлерот

Студиото Warner Bros го објави првиот постер за претстојниот филм Joker: Folie À Deux, продолжение на психолошкиот трилер Joker од 2019 година, кој заработи повеќе од 1 милијарда долари ширум светот.

Еден од најочекуваните филмови оваа година е во режија на Тод Филипс, режисерот на серијата Hangover, кој работеше и на првиот филм.

Постерот за филмот е објавен на официјалните TikTok и Instagram профили, а го прикажува Хоакин Феникс во улогата на Џокерот и Лејди Гага во улогата на Харли Квин.

„Светот е сцена“, пишува во објавата.

На TikTok, можеме да слушнеме и клип од Харли Квин како вели: „Можеш да правиш што сакаш... Ти си Џокерот“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Joker Movie (@jokermovie)

Во филмот играат и Зази Бец, Стив Куган, Брендан Глисон, Кетрин Кинер, Џејкоб Лофланд и Кен Леунг.

Пред Лејди Гага да ја преземе улогата на Харли Квин, популарната антихероина ја глумеше Марго Роби во филмовите на Suicide Squad, пишува Deadline. Роби е среќна што нова актерка го презела ликот на Харли Квин.

„Многу сум среќна бидејќи на самиот почеток реков дека би сакала Харли Квин да стане еден од оние ликови, како Макбет или Бетмен, кои се пренесуваат од еден во друг голем актер“, изјави ѕвездата на филмот Barbie.

Joker: Folie À Deux ќе се прикажува во кината на 4 октомври 2024 година, а трејлерот за филмот ќе биде достапен на YouTube од 9 април.

реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе