Обвинителството: Не е точно дека водачите на групата биле отпосле убиени

Обвинителката во случајот „Дива населба“, во којшто им се суди на 29 лица за тероризам, категорично негира дека дел од водачите на групата, меѓу кои Мирсад Ндрецај и Бег Ризај и уште двајца други биле убиени отпосле, во полициска станица, како што тврдат дел од обвинетите.

„Апсолутно не е точно дека биле ликвидирани. Во наодите за обдукција пишува колку рани, какви рани имале, од која далечина е пукано, а имаме и заштитени сведоци кои учествувале директно во престрелката. Немало потреба тие да бидат ликвидирани, не биле само тие главните на групата. На одбраната и обвинетите може законот да им дозволува што сакаат да кажат, доказите се поинакви. Се работи за шпекулации. Мотивот е уставно загрозување на безбедноста на Македонија“, изјави обвинителката во случајот Вилма Русковска, заедно со нејзиниот колега Наум Пановски.

На минатите рочишта дел од обвинетите тврдеа дека водачите на групата биле убиени во Полициска станица откако се предале за да не кажат што точно се случувало.

На денешното судско рочиште сведочеа тројца сведоци, една жителка на кумановската „Дива населба“ и сопругата и ќерката на обвинетиот, Фадиљ Фејзулаху. Според обвинителството, Фејзулаху директно учествувал во нападите и бил фатен со првата поголема вооружена група, односно при апсењето на командант Соколи, Сами Укшими, командант Малишева и бил ранет при акцијата.

Според официјалните податоци  кои ги има обвинителството од катастарот во Куманово, куќата во којашто била сместена групата на улицата „Перо Илиевски“ во „Дива населба“ била во сопственост на Фејзулаху.

Неговата ќерка и сопруга во денешното сведочење тврдеа дека полицијата на 9 мај влегла во куќата во којашто живееле на Росомански пат, го барала нивниот татко и ги малтретирала.

Ќерката на Фејзулаху, Артизана потврди дека пред четири години живееле во куќата на „Перо Илиевски“, но не знае зошто полицијата дошла во куќата којашто се наоѓала на три километри оддалеченост од Куманово.

Обвинителката Русковска, пак, рече дека полицијата влегла во оваа куќа бидејќи имале сознанија дека дел од групата била сместена таму и полицијата со налог влегла да бара припадници на групата и оружје.

Сопругата и ќерката на Фадиљ Фејзулаху, кои беа повикани како сведоци на обвинителството тврдеа дека полицијата ги тепала нивниот чичко и неговите синови, како и синовите на Фадиљ Фејзулаху, а на жените им викале, ги пцуеле и им се обраќале со погрдни зборови, ја скршиле вратата, пукале, а бабата, мајка на Фадиљ, која била болна, починала еден месец по настанот од траумите кои ги доживеала.

„Ги тепаа моите двајца синови, ја скршија вратата, пуштија нешто како дим, ние станавме од викотниците“, рече Факрие Фејзулаху, сопругата на Фадиљ. Таа тврдеше дека полицајците пукале во воздух и ги прашувале дали имаат злато и дрога.

Полицијата дошла во нивната куќа околу 5 часот, потоа ги однеле во полициска станица и ги држеле 24 часа. Ниту Артизана, ниту сопругата на Фадиљ не знаеја каде бил нивниот татко и сопруг.

„Татко ми има фамилија, има друштво, оди во кафеана, но татко ми не ни кажува кај оди“, рече ќерката Артизана. „Мојот сопруг беше излезен кај братучедите, не знам точно кои. Сум немала право да го прашам каде е “, рече сопругата на Фадиљ.

„До денот кога се случи настанот слободно се движевме, да знаевме дека ќе се случи вакво нешто, ќе си заминевме“, рече Артизана. И таа и мајка и  рекоа дека Фадиљ се занимавал со земјоделие, но не кажаа точно со што, дека одгледувал крави и кози.

Сопругата на Фадиљ била од Косово и често оделе таму, но Фадиљ никогаш не одел во Косово сам, без семејството.

Жителката на кумановската населба каде што се случи судирот не знаеше ништо што се случило. Кажа дека претходната вечер била излезена и не видела ништо невообичаено.

 „Ништо не видов, слушав само пукотници“, рече сведокот.

Според адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи, полицијата без никаква контрола и без план и секаде каде што влегувала оставила големи последици.

„Не само физички, туку и трауми имаат. Брутално постапувале, немале никаков документ и барањето злато или дрога е алиби. Полицијата сакала само да предизвика поголем конфликт“, изјави Рауфи.

 Тој тврди дека не е утврдена сопственоста на куќата за која обвинителството тврди дека има докази дека била на Фадиљ.

Судењето продолжува на 2 март со докази на обвинителството. Денешното судско рочиште новинарите го следеа во посебна просторија во судот преку видео врска со судницата. На минатото рочиште во судницата имаше место за ограничен број на новинари, па новинарите се солидаризираа и го бојкотираа рочиштето.

Судењето се одвива со огромно присуство на полиција во градот, хеликоптери и оклопни возила. Во судирот во „Дива населба“ во мај минатата година загинаа осум полицајци и десет припадници на вооружената група.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе