Жени

Одложете ја појавата на бели влакна со помош на овие намирници

20. август 2019 - 14:11 | М.С.

Одредени намирници може да бидат корисни за вашата коса да ја задржи својата боја и да ја одложи појавата на бели влакна.

Појавата на седите влакна не е само прашање на генетика, туку и на други фактори, а може да биде последица од недостаток на одредени нутритиенти. Определената храна може да ви помогне да ја одложите појавата на бели влакна.

Зелени плодови

Збогатете го вашето мени со зелени лиснати плодови кои се богати со витамин Б. Здравјето на вашиот организам зависи од витаминити Б-6, Б-12, особено поради производството на црвените крвни зрнца кои го пренесуваат воздухот и хранливите материи. Бојата на коса зависи од хормоните, а витаминот Б-2 е важен фактор за нивно производство.

Чоколада

Бакарот е значен за производство на меланинот кој е главен извор на бојата на косата. Недостаток од бакар може да биде причина за појава на седа коса. Затоа, консумирајте црна чоколада која е полна со бакар.

Лосос

Лососот е познат како здрава намирница, па не е ни чудно што се пропорачува за превенција за појава на бели влакна. Селенот кој го содржи лососот помага во регулирањето на хормоните кои се важни за задржување на пигментот на косата.

Шумско овошје

Шумското овошје е одличен начин да го зголемите внесувањето на витаминот Ц кој поттикнува производство на колаген. Ц витаминот е одличен сојузник во борба против стареењето. Исто така, користете и витамин А и Е, затоа што имаат антиоксидантни својства.

Бадеми

Овие вкусни плодови се богати со витамин Е, а освен тоа содржат и бакар.

Коментирај