Пандев: Поранешните селектори ја нарушуваат атмосферата во репрезентацијата

„Поранешните селектори и играчи и штетат на фудбалската репрезентација на Македонија“, вели Горан Пандев во емисијата „Куќа на фудбалот“. Играчот на Џенова, кој по две години се врати во националниот тим, пред неколку месеци изјави дека поранешен селектор му рекол дека „сега не е вистинско време да се вратиш во репрезентацијата“.

„Во последните пет-шест години околу репрезентацијата имаше многу луѓе кои негативно влијаеја на нашата репрезентација и до денешен ден тоа го прават. Бивши фудбалери и бивши тренери и селектори направија да нема две илјади луѓе на натпревар. Знаеме дека кај нас атмосферата на стадион е катастрофа и мислам дека најголемата вина е кај поранешните селектори и играчи“ - смета Пандев.

Тој додава: „Јонуз беше кај мене во Џенова да го следи натпреварот Наполи-Џенова, потоа зборувавме отворено за репрезентацијата и негов став беше дека сега не е време јас да се вратам во репрезентацијата, туку дека треба да бидам следниот претседател на Федерацијата, нешто што никогаш не било моја желба. Не сакам да бидат претседател на ФФМ, јавно кажувам дека сега сакам само да им помогнам на децата во репрезентација“ - вели играчот на Џенова.

Пандев вели дека негативната атмосфера околу репрезентацијата ја создале поранешните  играчи и селектори.

„Негативната атмосфера ја создадоа бившите играчи и селектори, а можеме и да ги споменеме Џиџи, Јонуз и други поранешни играчи. Да се надоврзам најдобрите натпревари ги одиграв кога Јонуз беше селектор и атмосферата тогаш беше прекрасна. Јонуз го ценам како тренер, имавме добра репрезентација, започнавме да играме добро, но потоа тој почна да се занимава со менаџерски работи, и не само тој и другите селектори, а тоа е генерално наш македонски проблем“, изјави Пандев.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе