Пилинг со кафе – евтино домашно решение за блескава кожа

Пилингот од кафе е едноставен и ефикасен начин за користење на овој моќен напиток во домашната нега на кожата.

Кафето е омилениот пијалок на многу луѓе, без кој не можат да го започнат утрото, ниту да замислат пауза на работа, бидејќи ги буди, ја зголемува енергијата и фокусот, а влијае и на варењето. Но, има и многу придобивки за кожата.

Со години се користи за козметички цели, а омилен е поради моќните антиоксиданси, вклучувајќи ги и фенолите, кои помагаат во борбата против слободните радикали. Додека шолја кафе може да обезбеди внатрешни антиоксиданси, придобивките од кафето за кожата првенствено се постигнуваат преку локална апликација.

Бидејќи големите зрна кафе не се многу практични за козметичка употреба, наместо тоа се користат мелени зрна кафе или остатоците што остануваат по варењето.

Од кафето може да се направат пилинг и маски за целото тело.

Придобивките од користењето кафе во негата на кожата

Кога се користи за козметички цели, кафето може да обезбеди бројни придобивки, вклучително и подобрување на циркулацијата, отстранување на мртвите клетки од кожата и ревитализација на тенот.

Исто така се користи за:

1. Намалување на целулитот

Некои студии покажуваат дека кофеинот во кафето е клучот за намалување на целулитот со проширување на крвните садови под кожата и подобрување на протокот на крв, особено во областите погодени од целулит.

2. Смирување на кожата

Иако кафето е познато по своите стимулирачки ефекти врз телото, дава токму спротивен ефект кога се применува локално. Антиоксидансите во кафето делуваат смирувачки на кожата, а хлорогената киселина ги намалува воспалителните процеси.

3. Против стареење

Нанесувањето кафе директно на кожата може да помогне да се намали појавата на сончеви дамки, црвенило и брчки. Една студија откри директна корелација помеѓу пиењето кафе и намалувањето на ефектите од фотостареењето.

4. Намалување на темните кругови

Кафето може да помогне и во лекувањето на тврдоглавите темни кругови под очите благодарение на кофеинот, кој ги шири крвните садови во пределот околу очите и на тој начин ги намалува темните кругови.

Рецепти за пилинг со кафе

Еден од најпопуларните начини за користење кафе во козметиката е пилинг за лице. Кафето може да ги отстрани мртвите клетки од кожата, да ја подобри текстурата на кожата и да и даде сјај. Покрај тоа, ја осветлува кожата и ја намалува појавата на фини линии и брчки.

Подолу ви пренесуваме неколку рецепти за пилинг со кафе кои можете да ги направите дома.

Пилинг за лице со кафе, маслиново масло и кафеав шеќер

Измешајте две лажици мелено кафе, една лажица маслиново масло и една лажица кафеав шеќер. Нанесете ја смесата на влажно лице и нежно масирајте со кружни движења. Измијте го лицето со топла вода и нанесете тонер и хидратантна крема без алкохол.

Пилинг со кафе, мед, јогурт и овесна каша

Измешајте две лажици мелено кафе, една лажица јогурт, една лажица мед и една лажица ситно мелена овесна каша. Нанесете ја смесата на лицето и нежно масирајте. Оставете ја смесата да делува 10 до 15 минути. Исплакнете го лицето со млака вода и продолжете со вообичаената нега.

Пилинг со кафе и алое вера

Измешајте две лажици мелено кафе и половина лажица гел од алое вера. Нежно масирајте го лицето околу една минута, а потоа исплакнете го и продолжете со вашиот воообичаен ритуал за нега.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Живот

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

8 совети за родителство што злато вредат

Read more

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе