Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

По 11 сезони во низа освојување титули за шампион на првенство се сруши митот за непобедливиот Кингсли Коман, а многумина виновник за тоа гледаат во баксузниот Хари Кејн, човекот што нема освоено никаков трофеј во кариерата.

Минатото лето англискиот напаѓач Хари Кејн дојде во редовите на Баерн во најскапиот трансфер во историјата на Бундеслигата, вреден 95 милиони евра, а се чинеше дека тој беше последното парче од сложувалката на баварскиот клуб во борбата за титулата европски шампион.

Сите сметаа дека Баварците ќе ја освојат Бундеслигата како што тоа го направија 11 пати по ред пред тоа, но судбината се вмеша и го спречи Англичанецот да ја освои титулата германски шампион, која заслужено му припадна на Баер од Леверкузен.

Баварците уште претходно се простија од ДФБ купот откако беа поразени од третолигашот Сарбрикен, додека во Лигата на шампионите имаат позитивен резултат од првиот дуел со Арсенал, во Лондон беше 2:2, а неделава ги очекува реванш во Минхен, каде ќе се обидат да се пласираат во полуфиналето.

„Проклетството“ на Хари Кејн се пресели и во Германија, па клубот од Минхен по 11 години остана без титулата германски првак, иако Англичанецот е далеку од најголемиот виновник бидејќи на 39 натпревари кои ги одигра во сите натпреварувања постигна 39 гола со 12 асистенции.

Само неговите 32 гола во Бундеслигата го прават најдобриот дебитант во историјата на германскиот фудбал и моментално ја води борбата за Златната копачка, а по него се Серху Гираси од Штутгарт со 25 гола, Килјан Мбапе од ПСЖ со 24 и Лаутаро Мартинес од Интер со 23.

Искусниот англиски напаѓач игра на највисоко ниво од почетокот на кариерата и е еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач во моментов во светот, но неговата неможност да освои каков било трофеј ги фрустрира сите негови фанови.

Неговото „проклетство“, односно неможноста да освои клупски трофеј, исто така се пресели во Минхен и стави крај на неверојатната серија титули на Кингсли Коман, кој можеше да се пофали дека е државен првак во секоја сезона во која учествувал уште од кога имаше 16 години и кога го носеше дресот на ПСЖ.

Коман го освои францускиот шампионат со ПСЖ во 2013 и 2014 година, потоа во 2015 и 2016 година беше италијански шампион со Јувентус, а од 2017 до 2023 година го освојуваше германското првенство со Баерн, а серијата од 11 последователни титули во националниот шампионат беше прекината со доаѓањето на Кејн во Баерн.

Ова не е единствената лоша вест за францускиот напаѓач, бидејќи Коман во победата над Келн го повреди мускулот, поради што ја напушти играта во 50. минута од натпреварот. Германските медиуми велат дека сезоната за него е завршена и дека прашање е дали ќе се опорави за ЕУРО 2024 бидејќи се очекува да биде надвор од терените пет до шест недели.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Read more
 

Спорт

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе