БУНДЕСЛИГА 2023/2024

Неверојатни сцени на прославата во Леверкузен: Навивачите не издржаа и влетаа пред 90-та

Фудбалерите на Баер Леверкузен за прв пат во 120-годишната историја на клубот ја освоија шампионската титула на Германија, а на крајот имаше неверојатна прослава на „БајАрена“.

Леверкузен синоќа имаше можност да го совлада Вердер и да ја освои титулата во Бундеслигата, а тоа се случи по импресивниот настап на „Фармацевтите“ и триумфот од 5:0. Но, сцените кои следеа по последниот гол, изгледа како да не сме ги виделе.

URL

Имено, навивачите на Леверкузен не го дочекаа крајот на натпреварот. На границата меѓу 89-та и 90-тата минута Флориан Вирц погоди за 5:0, а нетрпеливите навивачи не го чекаа последниот судиски свиреж, туку сите влетаа на теренот.

Судијата Харм Осмерс не сакаше да ситничари и да ги враќа навивачите на нивните места, па реши да свирне крај уште пред истекот на 90-тата минути.

URL

Потоа на теренот истрчаа и останатите навивачи, а сите се обидоа да дојдат до играчите и да им одземат парче облека што ќе го чуваат до крајот на животот, а кое го означува моментот кога за прв пат во историјата ја освоија шампионската титула.

Remote video URL

Поснаодливите навивачи отсекоа парче од мрежата на голот или од тревата од стадионот „БајАрена“ и ги однесоа дома. Се славеше до доцна во ноќта во градот популарен за фармацевтската индустрија, но и за упорните фанови кои титулата ја чекаат 120 години.

URL

Тимот предводен од Чаби Алонсо успеа да стави крај на неверојатната доминација на Баерн, која траеше цели 11 години, бидејќи „Баварците“ како да си ја имаа присвоено титулата во Бундеслигата, но „Фармацевтите“ им покажаа на другите германски клубови дека не е невозможно да се борат со секогаш моќниот гигант од Минхен.

URL
реклама

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Колку долго треба да трае дремката?

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе