По одигрувањето на натпреварите од денешното вонредно коло во македонската втора лига екипата на Беса 1976 обезбеди историски пласман во прволигашката конкуренција.

Клубот од гостиварското село Добри Дол, кој своите натпрервари ги игра во Врапчиште, денескја испиша историја бидејќи за прв пат во својата историја обезбеди пласман во првата лига. Со 4:0 го преслушаа Охрид Лихнидос и со тоа математички си обезбедија пласман на еднои од првите две места кои водат ранг погоре. Им помогна и Саса која одигра без голови на гости кај третопласираната Детонит Плачковица.
Беса 1976 цела сезона е на врвот, а верно ја следи битолски Пелистер кој наредното коло исто така може да го завери враќањето меѓу елитата. Наредното 28. коло се игра в сабота од 17 часот.
Резултати од 27. коло:
Стадион „Врапчиште“ во Врапчиште
Беса 1976 – Охрид Лихнидос 4:0 (2:0)
Голови: 21′, 44′, 60′ Емир Скендери, 70′ Филип Алексовски
Главен судија: Александар Василевски (Скопје)
Стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола
Пелистер – Тетекс 3:0 (2:0)
Голови: 4′ Бојан Спиркоски, 22′ Симеон Христов, 55′ Благоја Љамчевски
Главен судија: Ангел Гелов (Кавадарци)
Стадион „Речица“ во Голема Речица
Арсими – Башкими 1947 2:0 (1:0)
Голови: 18′ Аљбин Рамадани, 60′ Емран Рамадани
Главен судија: Јордан Јовановски (Гевгелија)
Стадион „Железарница“ во Скопје
Скопје – Победа 1:1 (1:0)
Голови: 29′ Мердијан Рамадани - 63′ Ивица Трајкоски
Главен судија: Фуркан Идризи (Тетово)
Стадион „Цвај Арена“ во Неготино
Вардар (Н) – Осогово 3:0 (1:0)
Голови: 20′ Сунај Хасан, 57′ Кирил Неделков, 74′ Аделин Ќазимов
Главен судија: Бенјамин Ќерими (Скопје)
Стадион „Градска Плажа“ во Струга
Караорман – Беласица 0:4 (0:4)
Голови: 16′ Никола Талески, 27′ Петар Гугуљанов, 36′ Костадин Капсаров, 41′ Александар Милушев
Црвени картони: 84′ Стефан Тодороски (К)
Главен судија: Марјан Стојановски (Кичево)
Стадион „Градски“ во Гевгелија
Кожуф – Новаци 2:1 (1:1)
Голови: 17′ Џихан Адили, 76′ Метин Иљази – 2′ Благој Стојчев
Главен судија: Димитар Левески (Охрид)
Стадион „Градски“ во Радовиш
Детонит Плачковица – Саса 0:0
Главен судија: Марјан Младеновски (Скопје)
Табела: