Прв трејлер за третата сезона на „Stranger Things“
Мајк, Лукас, Макс, Единаесет, Дастин и Вил се враќаат на малите реклами во третата сезона на „Stranger Things“, чиј трејлер беше објавен денеска. „Едно лето може да смени сѐ“, вели трејлерот – а нам ни останува да видиме што значи тоа.
За разлика од втората сезона која се одвиваше околу празникот Хелоуин, овојпат дејството е сместено во летниот период, кога сите од градот Хоукинс се подготвуваат за прославата на 4 јули. Децата повеќе не смеат да бидат деца, а опасноста нема да ги почека да пораснат.
Третата сезона на хит серијата „Stranger Things“ ќе биде достапна за стриминг на Netflix веќе од 4 јули оваа година.