Филм & ТВ

Прв трејлер за урнебесната женска комедија „Like a Boss“

12. септември 2019 - 18:36 | А.С.

Paramount Pictures го објави првиот трејлер за комедијата „Like a Boss“ во режија на Мигел Артета, работен по сценарио на Сем Питман и Адам Кол-Кели.

Филмот има фантастичен кастинг: Роуз Бирн и Тифани Хадиш ги играат улогите на две најдобри пријателки, Миа и Мел, кои ќе почнат заеднички бизнис за козметика, иако имаат драстично спротивни идеали.

Нивното пријателство ќе биде ставено на тест кога ќе добијат примамлива понуда од ултрабогата бизнисменка од областа на козметиката (Салма Хајек), што ќе звучи премногу добро за да ја одбијат.

Филмот во кој улоги имаат и Били Портер, Џенифер Кулиџ, Каран Сони и Ари Грајнор, ќе има премиера на 10 јануари, 2020 година.

Коментирај