КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

Првпат по 29 години Северна и Јужна Кореја играа фудбал во Пјонгјанг

Јужнокорејската фудбалска репрезентација конечно дочека да гостува кај соседот, пред празни трибини и без тв пренос, а немаше ниту голови.

Последен пат натпревар помеѓу двете Кореи на севернокорејско тло се одигра на 11 октомври 1990 година и тоа пријателски, а победи домаќинот со 2:1. Оттогаш ниту азиски ниту светски квалификации не се играа во Северна Кореа бидејќи режимот донесе одлука да не се свири химната на Јужна Кореја и да не се истакнува нивното знаме, а ФИФА такво нешто не дозволува. Затоа, меѓусебните натпревари Северна Кореја како домаќин досега ги играше во Токио (2017) и во Шангај (2008, двапати).

Натпреварот на „Ким Ил Сан“ стадионот заврши без голови иако Јужна Кореја важеше за фаворит. Се играше пред празни трибини по одлука на домаќинот, а гости беа претседателот на ФИФА Џани Инфантино, како и двајца претставници на Јужнокореанската фудбалска асоцијација.

„Пробавме да стапиме во контакт со Северна Кореја во врска со директен пренос како и гостински навивачи, но тие упорно ги игнорираа напите повици“, изјави Ли Сан-мин, потпарол на јужнокорејското Министерството за обединување на двете Кореи.

Јужниот сосед барал да се овозможи директен пренос, но северот одбил, туку им рекол дека ќе им даде DVD снимка во среда сабајле пред играчите на Јужна Кореја да се качат на авионот за дома.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе