Првпат по несреќата ќе се појави во јавност: Шумахер ќе присуствува на свадбата на ќерка му?

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 20.01.2024 / 16:26

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, кој имаше тешка несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, по тој кобен ден за првпат можеби ќе се појави во јавноста, јавуваат многу релевантни медиуми.

Неговата ќерка Џина-Мариа Шумахер треба да се омажи за својот избраник Јан Бетке, а венчавката е планирана за лето. Точниот датум се крие од јавноста, но она што е познато е дека прославата ќе се одржи на имотот на Шумахер во Мајорка.

Станува збор за имотот што сопругата на Михаел, Корина, го купи во 2018 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес. Таа го преуредила така што во дворот на вилата има мала приватна клиника, па лекарите можат постојано да ја следат состојбата на Шумахер. Според информациите на некои медиуми, поранешниот шампион е таму, па не би имало потреба да се транспортира некаде за да присуствува на свадбата.

„Покрај неговото семејство, за Шумахер постојано се грижи тим од околу 15 лекари и медицински сестри. Претпоставката е дека тој веќе е во Мајорка и би можел да присуствува на венчавката. Секако, нема потврда и веројатно има нема да има до тој ден. Ќе има силни безбедносни мерки, тешко дека нешто од ова ќе протече во јавноста. Ова би било првпат по несреќата Шумахер да се појави во јавноста“, пишува „Кориере дела сера“.

Легендарниот Германец се повреди пред точно десет години. На тој ден никој не можеше ни да замисли колку е сериозна несреќата. За сите овие години во јавноста стигнаа само малку информации за него, бидејќи неговата сопруга Корина ја крие вистинската состојба. Не се знае дали може да врши некои, дури и основни функции, како што се движење на очите или е сосема неподвижен.

Пред извесно време информација за Шумахер сподели неговиот поранешен колега Џони Херберт.

„Од време на време слушам некои работи… Да речеме, слушнав од некои луѓе од Формула 1 дека Шумахер седи на трпезариска маса за време на вечерата, но не знам дали е вистина, можам само да читам помеѓу редови. Секој би сакал да знае што се случува, особено ако работите одат во позитивна насока. Но, бидејќи немаме никакви информации, можеме само да претпоставиме дека сѐ уште нема знаци дека е можно закрепнување. Ми се чини дека нема напредок во однос на денот на несреќата и претпоставувам дека семејството чека научниците да смислат нешто“, изјави тогаш Херберт.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе