Ракометната ЛШ ќе се игра и за викенд, тренерите добија право на челенџ

Ракометната Лига на шампиони ќе изгледа поинаку од фајналфорот што во јуни ќе се игра во Келн.

Извршниот комитет на ЕХФ на последниот состанок донесе низа одлуки поврзани со следната ракометна сезона. Усвоено е правилото што долго се најавуваше. Од следната сезона, тренерите во текот на натпреварот ќе имаат право на еден челенџ.

ЕХФ нагласи дека ова правило ќе започне да се применува од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Одлучено е и „под посебни околности“ да може да се играат натпревари од Лигата на шампионите во машка конкуренција и за викенди, а не само во среда и четврток како досега. Причина за тоа е поголемата посетеност и поголема гледаност на ТВ.

Се разговараше и за учество на руски и белоруски тимови на меѓународните натпреварувања и засега е извесно дека нема да бидат во конкуренција за сезоната 2023/2024.

Следната сезона во Лигата на шампионите на ЕХФ во машка и женска конкуренција по едно место ќе биде доделено преку специјална покана, додека досега сите места беа доделувани според ранг-листата на ЕХФ.

Се зборуваше и за зголемување на минималниот капацитет на салите за европските натпреварувања, но беше одлучено тоа да се одложи за уште најмалку две сезони и дека тоа ќе биде можно само од сезоната 2025/2026.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе